Публикации
Довербата во граѓанското општество
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го објави извештајот од истражувањето „Довербата во граѓанското општество” кое го спроведе по вторпат. Извештајот е резултат на потребата да се провери колкава е довербата на граѓаните во граѓанските организации.
Освен довербата во граѓанскиот, со анкетата беше проверена и довербата во другите два сектори, државниот и приватниот (деловниот). Анкетирањето е направено во јули, оваа година, на репрезентативен примерок од 1.601 испитаник. Извештајот е поделен на два посебни дела: за доверба и за граѓанска одговорност (вкл. добротворство), а неговото годинешно издание е подобрено врз основа на минатогодишните искуства. Истражувањето е дел од програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ), а извештајот е објавен во печатена верзија на македонски јазик, а во електронска на англиски јазик.
Закрепнување на вашата организација
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија изготви практичен водич за лекување и спречување на корупцијата во локалните самоуправи и во заедниците. Водичот содржи два тома – Концепти и стратегии (автор Фред Фишер), и Алатки за олеснување на процесот (автори Ана Василаче и Никол Рата).
|
|