Размена на ЕУ
Обука во општините во Србија и Црна Гора
Европската Унија прибира предлози за обезбедување скроени обуки за персоналот во општините во Република Србија и Црна Гора. Проектот е една од компонентите на пообемната програма за размена, специјално изготвена да ги воведе моделите на практицирање локална власт од ЕУ во Србија. Овој проект има за цел да го подобри знаењето и вештините на дел од општинскиот персонал, особено во поглед на практиките на општините во Европа, како и да ја прошири достапноста на европските модели во сите општини. Обуката и соодветните прирачници, меѓу другото, ќе вклучуваат планирање на општинските услуги, раководење со проектен циклус и подготовка на проекти, локален економски развој, евроинтеграција и компјутерска обработка на податоци. Максималниот буџет за договорот е 600 илјади евра. Учеството на тендерот е отворено и рамноправно за сите физички и правни лица или групи (конзорциуми) од земјите членки на ЕУ и земјите на КАРДС. Крајниот рок за предлогот е 10 февруари 2006 година, а треба да се поднесе до Европската агенција за реконструкција, до референтот за набавки на адресата Васина 2-4, 11 000 Белград, Србија и Црна Гора. Повеќе информации во врска со критериумите за избор и формуларите за аплицирање ќе најдете на: http://europa.eu.int/comm/europeaid/index_en.htm.
|
|