Хрватска
Нов веб-портал за ЕУ - ЕнетрЕуропе
Институтот за меѓународни односи во Загреб го претстави новиот веб-портал за пристап до информации за Европската Унија, каде што можат да се најдат информации за Унијата, нејзината историја, начинот на функционирање, за сите политики, за државите членки и за оние што сакаат да бидат членки.
Порталот ЕнтерЕуропе, кој е достапен на адресата њњњ.ентереуропе.хр, го покрена Европскиот документациски центар - Институтот за меѓународни односи од Загреб, со финансиска поддршка на Германската фондација за соработка на меѓународни права и Министерството за наука, образование и спорт на РХ. Порталот е наменет за сите заинтересирани: правници, економисти, политиколози и работници во државната управа, новинари, студенти, активисти на граѓански здруженија и граѓани кои сакаат да дознаат повеќе за Европската Унија. Клучен дел на порталот е базата на податоци кој овозможува пристап до подготвените документи, законодавството на Европска Унија, извештаите и студиите, како и други статистики и линкови до одредени документи.
Г.Ш. |