Заеднички вредности

Остварување на правата на етничките заедници во Македонија

Здружението на граѓани за поддршка на меѓуетничкиот дијалог и развој на заедницата “Заеднички вредности” спроведе истражување за националната легислатива од аспект на правата на етничките заедници во Македонија.  Опфатени се и меѓународните документи за заштита на правата на малцинствата и нивната рефлексија врз македонското законодавсто. Анализата беше основа за подготовка на Прирачник Остварување на правата на етничките заедници во Македонија, кој е сублимат на македонското законодавство и дава преглед на практичните аспекти на остварување на  правата и слободите на припадниците на  етничките заедници кои живеат во Македонија. Содржински ги опфаќа основните слободи и права (лични, политички, социјални, економски и културни права), но и специјализираните права на припадниците на заедниците. Достапен е на веб страницата њњњ.цв.орг.мк, а може да се добие и во печатена верзија во Здружението (тел. 02/3113 966 и 02/3113 907).