Косово

Мисијата на ОБСЕ го охрабрува доживотното учење на Косово

Претставувањето на коцептот на доживотно учење, како водечки принцип на развојот на образованието и образовната политика, беше цел на дводневната конференција ЕДУКОС, организирана во Приштина.  Целта на нејзиното одржување е презентирање, промоција и отворање дискусија околу развојот на доживотното учење на Косово, како и неговата поврзаност со економскиот развој. Разменети се европските и регионалните искуства, бидејќи на конференцијата на едно место ги собра владините официјални лица, како и образовните и деловните практичари од Косово и од другите земји.

ОБСЕ ги охрабрува Владата и Собранието на Косово да спроведат стратегија во рамките на партнерствата на јавниот и приватниот сектор и да го промовираат доживотното учење, така што ќе го постават меѓу своите приоритети.