ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МИА

За денови на безбедна љубов 

На денот на вљувените - Свети Валентин (15 февруари), младите ја изразија желбата сите денови да бидат денови на љубовта, но на безбедната љубов. Тоа беа дел од пораките на кампањата против СИДАта, орга­ни­зирана од Маке­донската интеретничка асоцијација (МИА).
Повеќе средношколци од Скопје одржаа демонстрација во центарот на Скопје, придружени од парадниот оркестар на АРМ и повеќе естрадни ѕвезди. Младите апе­лираа за користење кондоми и за други начини на заштита, за едукација и за над­минување на предрасудите кон оваа опасна болест. За време на овој настан, МИА ја додели и наградата „Срце за поддршка“, за медиумската поддршка на кампањата за заштита од СИДАта во 2002 година, на Теле­визијата Канал 5, односно на води­телката на емисијата „Суперишка“, Ана Зафирова.             

М.И.