Луѓе: Менде Трајковски

Никогаш не би можел да се помирам со неуспех

Професионално искуство:
Инженер по фармерско производство.

Ангажирање во граѓанскиот сектор:
Екологија, земјоделство (пчеларство и органско производство). Ангажиран сум во еколошкото друштво “Кајмакчалан” и во пчеларското здружение “Нектар” од Битола, во Регионалниот пчеларски сојуз “Виа Игнација” и Федерацијата на фармери на Р. Македонија.

Хоби и интереси:
фудбал, лов, пчеларство.

Најтешка одлука:
Не сум ја имал, не сум ја сфатил како таква бидејќи секогаш имам позитивен пристап кон работата.

Амбиции:
Враќање на животот во Мариово и целосна ревитализација на регионот.

Во слободно време чита:

Стручна литература за пчеларство и апикултура, и дневен печат.

Каде оди во слободно време:
Спортувам и читам.

За време на викендите:
Работа на пчеларникот и прошетки во природа.

Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто?
Невработеноста заради тоа што претставува причина за опаѓање на стандардот на живеење.

Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто:
Прекумерното загадување на животната средина заради тоа што доведува до појава на т.н. стаклена градина.

Совет/порака:
Да ја сочуваме планетата Земја бидејќи резервна немаме.

Никогаш не би можел:
Да се помирам со неуспех.