Лицата со интелектуална попреченост и вработувањето

Борба за поголемо присуство во општеството

Во трговскиот центар Бисер во Скопје е сместен Днев­ни­от центар на згрижување на лицата со интелектуална попреченост во кој корисниците започнуваат да до­аѓаат во 7 часот наутро, време кога и другите скопјани брзаат кон работните места, во училиште, во градинка. Пред девет часот, корисниците чија возрасна граница е над 16 години, може да се видат како купуваат дел од потребните продукти за подготовка на ручек, на ближниот пазар. Дневниот центар постои четири години, дел е од активностите на Републичкиот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост “Порака” и освен во Скопје, такви центри има и во Охрид, во Радовиш, во Кочани. Во Дневниот центар корисниците имаат можност не само да бидат згрижени, туку под водство на дефектолозите, социјалните работници и психолог да бидат вклучени во активности кои овозможуваат стекнување вештини за нивно не­за­висно живеење, за снаоѓање во општеството. Де­нта кога присуствувавме на започнување на еден работен февруарски ден во Центарот, присуствувавме и на неколку часови од служењето на цивилниот воен рок на  тројца млади луѓе. Дефектологот Виктор Борисовски, додека корисниците заедно седнати на масите изработуваа честитки и саксии за цвеќе, потенцира дека стручниот тим се труди секојдневно да реализира дел од предвидената индивидуална  програма и преку групна активност.

“Таквиот принцип на работење е преземен од западните земји и навистина покажува големи резултати. Покрај другите работи, за овие четири години, успеавме да ги обучиме корисниците да го користат јавниот превоз. Во почетокот сите родители ги носеа и ги земаа децата, а сега 90 проценти од нив самостојно го користат превозот. Промените се гледаат, на почетокот можеби тешко се согледуваат, но ако се вратиме на тоа каде бевме на почетокот и каде сме сега,  кај корисниците има напредок. Работиме на стекнување хигиенски навики,  на стекнување вештини за манипулација со пред­­мети, ори­ен­тација во простор, мани­пулација со пари и др. Ре­а­ли­зи­ра­ме и активности надвор од Днев­ни­от центар, при што се запознаваме со од­редени настани и активности, а и са­мата средина не запознава нас”.

Центарот е дел од урбан простор, околу и над него има станбени згра­­ди, кафулиња, про­дав­ници, секој­дневна град­­ска врева, атмо­сфе­ра која ги надминува до скоро стереотипните прет­­­­стави за изолирани об­јекти во кои треба да престојуваат лицата со ин­телектуална по­пре­че­ност. Реформскиот про­цес на деинститу­цио­нали­за­ција, превенција од ин­сти­­туциона­лиза­ција што ја спроведува  “По­ра­ка” е дел од секој­дневната ра­бота на него­вите членови. “Трг­ну­вајќи од 2000 го­дина ‘Порака’ активно се вклучи во таа реформа, која се одвива на свет­ско ниво и значи реализација на потребата големите резиденцијални институции постепено да се затвораат и да се создаваат можности за раслојување на повеќе локални единици. Во секоја од локалните заедници би требало да постои по еден сервис којшто дневно би ги опфаќал корисниците, а потребно е да постојат и сервиси за самостојно живеење, каде корисниците според нивните можности, со надзор и поддршка од стручен персонал, би живееле како семејство. Таквите сервиси кај нас с$ уште ги нема. Днев­ни­те центри се потребни за давање поддршка на семејствата, за опфаќање на лицата во текот на денот, можност семејството да добие време за себе, за создавање атмосфера на поуспешно семејно функционирање” - посочува  Владо Крс­то­вски, социјален работник и асистент на програмите.

От­ворањето нови центри зависи од воспоставувањето сора­бот­ка со државата, создавањето соодветен модел на партнерство, бидејќи своите активности “Порака” сега ги реализира по пат на проекти. Тие с$ уште добиваат формална поддршка од државата, која ја признава потребата од постоење на центрите, но не постои партнерски договор за фи­нан­сирање на сервисната служба. 

“Работиме на разбивање на предрасудите кои с$ уште постојат во општеството. Ако во западните земји можете насе­ка­де да ги видите лицата со различен вид попреченост, секаде каде човекот активно се движи, кај нас тоа не е случај. Самото тоа ни зборува за затвореноста на нашето општество кон овие лица”, вели Василка Димоска, менаџер во “Порака”, во разговорот воден во Дневниот центар, исто­вр­емено обраќајќи му нескриено внимание на еден од корисниците кој & го покажуваше својот најнов цртеж.  За неа, како и за другите членови на По­ра­ка, важно е и што покрај с$ гра­ѓа­ните во земјава полека се отвораат и го прифаќаат присуството на лица­та со интелектуална попреченост во општеството.

Последната кампања на “Порака” се води под мотото “Што е со моите права”, и во јавноста е присутна и пре­ку медиумите на македонски и на албански јазик. Станува збор за кампања за поддршка на вра­бо­тувањето на лицата со интелек­туална попреченост, со која се свртува вниманието на јавноста за разбивање на предрасудите и несо­од­ветниот третман на лицата со интелектуална попреченост  на работното место и градење по­зитивна слика за потенцијалите и мож­ностите на лицата со инте­лектуална попреченост како вра­­бо­­тени лица. “Проблемот на вработувањето на лица со интелектуална попреченост беше посочуван од родителите и од самите лица, затоа сакавме да го изнесеме на површина и да помогнеме истиот да се разреши. Нашите целни групи се др­жа­ва­та, работодавците и самите лица и семејства кои имаат член со интелектуална попреченост кој треба или го остварува правото на вработување. Позитивно е што работите почнаа да се отвораат и секој од своја страна да ги кажува неправилностите или слабите точки на Законот за вработување на инвалидни лица и неговото функционирање во нашата држава. Кампањата беше покриена не само на државно ниво, туку и нашите локални организации ги организираа своите активности” - потенцира Димоска. Во кампањата се бара правото на избор за вработување на  лицата со интелектуална попреченост  да биде по­д­др­жа­но  од државата, со обврска  за зајакнување на  механизмот за следење и контрола на  односот на  работодавците  кон врабо­тените лица со интелектуална попреченост. “Порака” бара граѓаните да ги согледаат и признаат правата на лицата со интелектуална попреченост, работодавците да го подобрат при­ста­пот и ставовите кон овој вид вработени лица, а доне­сувачите на одлуки да преземат иницијативи за измени на легислативата и политиката, обезбедувајќи  соодветна  реализација на правото на вработување на лицата  со интелектуална попреченост во Р. Македонија.

Во рамките на кампањата “Што е со моите права” се бара и доследна примена на Правилникот за оцена на специфичните по­тре­би на лицата со пречки во физичкиот и психичкиот развој. “Се случува во официјалните документи на Заводот за ментално здравје за оценување на специфичните потреби да биде напи­ша­но дека одредено лице има едукативна запоставеност, или е граничен случај, по што Бирото за вработување нема да го прифати лицето како лице со интелектуална попреченост и нема да може да се вработи по основите кои се дадени во Законот за вработување на инвалидни лица.  Затоа бараме достојна примена на Пра­ви­лникот, на членот 10 во него, а едукативната запо­ста­веност и граничен слу­чај, или с$ друго што не е за­стапено во Прави­л­ни­кот, да се не се употребува во официјалниот доку­мент” - вели Владо Крс­товски, објасну­вајќи еден од деветте заклучоци, доста­вени до надлежните инсти­туции. И заштитните работни друш­тва се едни од целните групи во кампањата, заради создавање  позитивна промена и овоз­можување правото на вработување на лицата со интелектуална попре­ченост во тие друшт­ва да се остварува регу­ларно. Меѓу по­зи­тивните при­мери “Порака” го издвојува Заштит­ното друш­тво за вработува­ње на инвали­дизирани лица за услуги “Еко сервис” Скопје, бидејќи таму, потен­цираат тие, лицата се ангажирани како што треба, ја работат работата за ко­ја се обучени и им прилега и доби­ваат соодветна плата. Драган Ружоњиќ, правник во  “Еко-сервис” каде редовно се вра­ботени осум инвалидизирани ли­ца, меѓу кои и лица со интелектуална попре­ченост, ја поддржува кампањата “Што е со моите права” и смета дека др­жавата мора да биде поефикасна во исполнување на своите обврски кон ли­цата, но и кон заштитното друш­тво. “Две години не сме ги до­биле средствата кои ни следуваат од Агенцијата за вработување, иако го под­несовме по­тре­­бното барање. Вра­бо­тените лица имаат полно ра­ботно време, работат на ста­вање упатства за користење лекови, лепат декларации, а за таа работа доби­ваат плата од 8.200 денари и се добро вклопени во средината. Ра­ботиме за фирмата “Зе­гин” и сме фор­мирани под нивна ини­цијатива. Редовно ги до­би­­ваме сред­ствата за услугата којашто ја вршиме и сметам дека е многу е важно зад работата на заштитните друштва да стои силна фирма. Државата треба да има поголем респект кон  лицата со физичка и интелектуална попреченост, да ги стимулира друшт­ва­та за нивно поголемо вработување, но и да ги олесни сложе­ни­те бирократски процедури и спро­ведувањето на законските права” - вели Ружоњиќ.