МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Забрана за фосфатните детергенти

Кампањата за исфрлање на фосфатните детергенти од употреба, ко­ја веќе подолго време ја спроведуваат здруженијата кои ра­ботат во областа на животната средина, конечно има резултат - Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија најави донесување забрана за фосфатни детергенти до крајот на годинава. Освен забраната за користење, во Македонија ќе биде забрането и производството на фосфатните детергенти. Непридржувањето кон забраната ќе биде санкционирано, а во пакет со забраната ќе бидат определени и казнените мерки.

Инаку, фосфатите се една од најголемите причини за загадување на езерата, реките и другите површински води и за започнувањето на процесот на еутрофикација - претворање на езерата во бари. Здру­женијата од охридско-преспанскиот регион, поддржани од меѓународните организации, со години наназад ги посочуваат фосфатните детергенти како еден од најмасовните извори на овој вид загадување и бараат нивна замена со еколошки детергенти.

М.И.