ДАНСКА
Мониторинг на земјоделските фондови
По долгогодишниот притисок од новинарите и пратениците, Министерството за земјоделство на Данска дозволи јавен пристап до информациите кои се однесуваат на земјоделските фондови на Европската Унија. Со тоа, Данска е првата држава во ЕУ која овозможи јавен увид и мониторинг на јавноста во трошењето на земјоделските фондови на ЕУ, кои изнесуваат 1,3 милијарди евра годишно. Овие фондови им се доделуваат на фармерите и земјоделските компании.
Во јавноста имаше информации дека многу личности на чело на државата овозможиле нерегуларно користење на фондовите, остварувајќи лична корист. Владата на Данска ја прикажа целосната листа на земјоделските субвенции на веб-сајтот на ДАЦАР - Данскиот меѓународен центар за аналитичко известување. За повеќе информации во врска со ова прашање, посетете го веб-сајтот: http://euobserver.com/?sid=9&aid=16448.
М.И.
|