Јавна дебата
Правата на немнозинските етнички заедници во Дебар и во Центар Жупа
„Состојбата со заштитата на правата на немнозинските етнички заедници во Дебар и во Центар Жупа” беше тема на јавната дебата што на 4 декември се одржа во Дебар. Дебатата се организира во рамките на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита”, финансиран од Европската комисија и од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ).
Дебатата ја организира ФИООМ, во соработка со Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар (поранешен Центар за поддршка на НВО Дебар). Меѓу другото, се дискутираше за застапеноста на немнозинските етнички заедници во институциите, за примената на двојазичноста на локално ниво и друго.
Воведничари на дебатата беа советникот на Народниот правобранител во Кичево, Камер Имери, претседавачот на Советот на општината Дебар, Низамедин Папранику, претставници од невладиот сектор: Илир Исени од „Толерантна младина”, Иванка Ивановска од Организацијата на жените од Дебар и Фехми Скендер од „Жупа турклери” од Центар Жупа.
М.И.
|
|