Совети
“Проактива” отвори Центар за енергетска ефикасност
Здружението на граѓани „Проактива” го отвори првиот македонски Центар за енергетска ефикасност. Во Центарот граѓаните ќе можат да добијат бесплатни информации и совети од областа на енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и климатските промени. Во светот центри од ваков вид има во сите поголеми европски градови и интересот на јавноста за нив се зголемува поради с$ поголемите закани од климатските промени. „Центарот ќе нуди бесплатни совети од типот како граѓаните сами да направат сончеви колектори и да ги постават во нивните домови, кои се едноставни и не се толку скапи мерки на заштеда на енергијата што граѓаните можат да ги спроведат во нивните домови за да заштедат електрична енергија, да дознат од што произлегуваат климатските промени, кои се најголемите емитувачи на загадувачките гасови и како граѓаните можат да придонесат за нивното намалување”, вели Јован Драгановски, координатор на проект на „Проактива”, која е една од единаесетте граѓански организации од Централна и Источна Европа, членки во мрежата АГРЕЕ.НЕТ, финансирана од Европската Унија.
С.Н.
|
|