Глобална хуманитарна помош
Во 2003 потрошени 10 милијарди долари
Во склоп на независни меѓународни проекти на Развојните иницијативи е издаден Годишниот извештај за Глобалната хуманитарна помош за 2003 година (ГХА 2003) кој ја сумира состојбата со финансирањето од страна на меѓународната заедница за задоволување на хуманитарните потреби на луѓето кои се жртви на конфликти и природни катастрофи. ГХА 2003 ги поврзува податоците од донаторите на ОЕЦД, агенциите на ОН, меѓународните организации, граѓанските организации и земјите кои се јавуваат како нови донатори. Анализирајќи ги овие податоци, извештајот за прв пат дава процена на целокупниот финансиски проток на хуманитарна помош. ГХА 2003 проценува дека вкупната глобалната хуманитарна помош изнесува најмалку 10 милијарди долари годишно. Донаторите на ОЕЦД доделуваат 5,5 милијарди долари од својата помош на хуманитарна работа, но постои и значителна потрошувачка која се рефлектира надвор од дадените дефиниции. Целокупниот извештај, податоците и табелите, како и дополнителни информации можете да ги добиете на http://www.globalhumanintarianassistance.org/ghafr2003.htm (TRIALOG)
Т.Х. |