Помош од ЕУ

Финансирањето на заедниците се отвора и за Македонија

На 22 ноември Европската Унија и другите земји од Процесот за стабилизација и асоцијација потпишаа општи договори за учество во некои внатрешни програми на Унијата за заедниците, меѓу кои и Македонија. Програмите кои треба да отпочнат ќе ги покриваат областите: борба против дискриминацијата, општествено исклучување, образование, истражување, млади. Во очекување на кофинансирање од земјите-учеснички, програмите треба да се отворат во Македонија и другите земји во регионот во 2005 година.                

Т.Х.