Објавени Белата и Црната еко-листа за 2003 година

Загадувачите повторно не дојдоа по наградите

Еколошкиот прес-центар ги објави своите традиционални признанија за минатата година, Белата и Црната еко-листа на која се најдоа селектираните граѓански организации, фирми, институции и поединци кои при­донеле за зачувување на животната средина во земјава, но и учествувале во нејзината деструкција.

Традиционално, и овој пат на доделувањето на признанијата не при­суствуваа загадувачите, а признанија од Белата листа им беа врачени на : “Пронатура” - Швајцарско здружение за заштита на природата, Министерството за животна средина и просторно планирање, Нови­нарско-правниот енвиро центар Ерина, Фармахем и Македонското еколошко друштво и Сити бајк. Признанието за личност му е доделено на поранешниот градоначалник на општината Карпош, Стевче Јакимовски, а признанието за медиум на  Македонското радио за емисијата “Еко-ритам” чиј уредник е новинарката Даниела Каневче. На Црната листа се најдоа: Рудникот за олово и цинк “Саса”, Министерството за транспорт и врски и Фондот за патишта, Општината  Гостивар, АД Неметали “Огражден” од Струмица и Свињарската фарма од Кума­ново.  

К.Б.