ОЖ Свети Николе
Преку учење компјутери, учат за интернет
Почнувајќи од февруари, годинава, Организацијата на жените на општината Свети Николе организира компјутерски курсеви за млади, каде се вклучени невработени лица од општината. На курсевите учествуваат 112 лица, на возраст од 18 до 30 години, од различен пол и различна националност.
Учесниците на обуката учат како да користат компјутери и интернет-комуникација. Досега 88 млади невработени го завршиле курсот и се здобиле со сертификати. Од организацијата изјавуваат дека со ова ќе се придонесе за масовно користење на информатичката технологија, подигање на свеста за интернетот и информатичката технологија и практична примена во секојдневниот живот.
Проектот е финансиски поддржан од фондацијата Е-Македонија на А.Д. - Македонски телекомуникации. Со помош на фондацијата, им се овозможува на младите да се обучат и оспособат за помасовно користење на компјутерот и интернетот, брзо и навремено да се информираат, а со тоа и да ги зголемат можностите за вработување.
Г.Ш.
|
|