календар
8 Ноември
Ден на урбаните региони
Овој датум е посветен на урбаните живеалишта и региони, односно на проблемите на живеење во урбанизирани населби. Социјалните проблеми, па с$ до еколошките прашања, архитектурата, културното живеење и други прашања во една таква заедница се темите на кои им се посветува овој ден.
9 Ноември
Борба против фашизмот и антисемитизмот
Светскиот ден посветен на борбата против фашизмот и антисемитизмот ги обединува сите напредни сили во акција против овие деструктивни идеологии кои, за жал, с$ уште живеат. Во многу делови на светот, фашизмот ги протежира „избраните” нации, а антисемитизмот е насочен кон еврејскиот народ.
14 Ноември
Да ја славиме науката
Овој датум е посветен на науката. Се прославува знаењето и науката која просветлува и ги проширува видиците. Во славењето на науката треба да предничат студентите и учениците, но во активностите треба да се вклучи и целата академска заедница.
25 Ноември
Не за насилството врз жената
И денес, многу жени се подложени на насилство – без оглед дали тоа потекнува од семејството или од режимите на општествата. На овој датум се покренуваат многу женски акции против насилството, а тој претставува и почеток на светската кампања во која се вклучуваат и женските организации во нашата држава.
27 Ноември
Не купувајте ништо!
Со цел да се даде гласност на борбата против потрошувачката грозница, која особено ја има во развиените држави, е воведен денот кога треба да се воздржиме од купување. Активистите повикуваат на овој ден да не купуваме ништо и така на симболичен начин да придонесеме во акцијата против оваа појава која има негативни еколошки последици. |