Хелсиншкиот комитет за човекови права (од извештајот јули/август)

Јавни настани и повреди на демократските принципи


Врз основа на Конвенцијата за правата на детето, која е прифатена и ратификувана во Република Македонија во 1993 година, Република Македонија има обврска да обезбедува услови за остварување и заштита на правата на децата. Оваа обврска ја има и врз основа на други, потпишани и ратификувани меѓународни документи од областа на човековите права и слободи, особено на тие што третираат специфични права на децата. Тука спаѓаат двата факултативни протоколи кон Конвенцијата за правата на детето, потоа конвенциите на Советот на Европа со кои се регулираат одделни сегменти или права на детето, како и релевантни политички декларации. Сите тие претставуваат дел од внатрешниот правен поредок, согласно членот 118 од Уставот на Република Македонија. Членот 3 од Конвенцијата за правата на детето гласи: ‘Во сите активности што се однесуваат на децата, од примарно значење се интересите на детето, без оглед на тоа дали ги спроведуваат јавните или приватните институции за социјална заштита, судовите, административните органи, или законодавните тела’. За жал, Република Македонија е далеку од обезбедувањето целосна заштита на правата на децата на нејзината територија” - се вели во извештајот на ХКЧП во кој за случајот се говори како за употреба на деца на температура од плус четириесет степени во политички цели, како учесници по повод денот на АРМ и желбата на Македонија за влез во НАТО, во период кога од страна на сите надлежни институции е апелирано децата, старите и лицата со хронични болести да не излегуваат надвор од своите домови помеѓу десет и седумнаесет часот.

“За жал, во овој случај државата наместо да ги заштити правата на тие деца, таа сурово ги злоупотреби и истите политички ги употреби, користејќи ги децата за добивање политички поени”- сметаа членовите на Комитетот

Хелсиншкиот комитет ја поздравува брзата реакција на Првата детска амбасада во светот Меѓаши по повод овој случај и жали што таа не беше повод за ефикасно сплотување на невладиниот сектор против злоупотребата на децата во политички цели.

Комитетот го потсетува јавниот обвинител дека тој како надлежен државен орган за гонење на сто­ри­телите на кривични дела има обврска по службена должност да поднесе кривични пријави, и тоа:

за сторени кри­вични дела: запуш­тање и малтретирање на малолетно ли­це, според чл. 201 ст.2и злоупотреба на службената по­ложба и овластување, според чл. 353 ст.1од Кривичниот законик, а исто така повреда и на членовите 3 и 36од Конвенцијата за правата на детето.