Признание

Европскиот центар за права на Ромите ја доби наградата Макс ван дер Стал

На свечена церемонија одржана на 16 октомври, високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Кнут Волбек, му ја додели наградата Макс ван дер Стал на Европскиот центар за права на Ромите. „Европскиот центар за правата на Ромите се наградува за неговата долгорочна посветеност на борбата против дискриминацијата на Ромите, како за заложбите кои ги прави за да го привлече вниманието на јавноста за овој присутен проблем со кој се соочува цела Европа”, рече Волбек.

Наградата Макс ван дер Стал, во висина од 50.000 евра, која се доделува на секои две години, е заслуга на Министерството за надворешни работи на Холандија.