СВЕТСКА БАНКА

Виетнам прогресивно се развива

Канцеларијата на Светската банка во Виетнам, по исцрпните истражувања за трендовите во оваа азиска држава, го објави извештајот за развојот на Виетнам во 2004-тата година. Според извештајот, во последните десетина години сиромаштијата прогресивно се намалува во Виетнам. Односно, забележаните стапки со кои се мери сиро­маштијата покажале дека таа во Виетнам во периодот од 1993 година, кога изнесувала 58%, се намалила на 29% во 2002 година.

Извештајот ја проценува состојбата како прогресивна и добра и ги испитува факторите коишто довеле до редукција на сиромаштијата во оваа држава, која е една од најсиромашните во светот. Комплетниот извештај може да се погледне на www.worldbank.org.

М.И.