луѓе: Анета Мусмановска

Животот е еден, искористете го максимално

Професионално искуство: Правен советник во Американската адвокатска асоцијација -Централ­но­европска и евроазиска правна ини­цијатива АБА/ЦЕЕЛИ, Скопје.

Ангажираност во граѓанскиот сектор: Уште од 2001 година бев ангажирана како правник во Правниот центар за животна средина кој произлезе како проект на Новинарско-правниот енвиро центар ЕРИНА од Скопје.

Амбиции: Стручна надоградба, завршување на постдипломските европски студии и напредок на професионален план, повторно активирање на Правниот центар за животна средина на НПЕЦ ЕРИНА…


Хоби и интереси: Слушање музика, читање книги, шетање по светот со цел запознавање нови народи и култури…

Во слободното време чита: Стручна литература, дневни весници, неделни магазини… А од останатата лепеза прочитани книгички на читателите би им ја препорачала “Уметноста на љубовта” од Ерих Фром.

За време на викенди: Се релаксирам, најчесто одам на кафе со пријателите.

Најтешка одлука: Во даден момент многу животни одлуки може да ни изгледаат тешки.

Кој национален (локален) проблем го смета за особено важен: Владеењето на правото и правната држава се основата на која с уште треба многу да работиме.

Кој глобален проблем го сметате како важен, и зошто: Тероризмот, сиромаштијата, воените конфликти, глобалното затоплување, болестите за коишто с уште нема пронајдено лек во светот.

Што би променила во Македонија и во светот: Свеста за одржлив развој на државата на секаков план во процесот на евроинтеграцијата каде како база несомнено се наоѓа владеењето на правото и правната држава. Крај на воените жариш­та низ целиот свет и отворен пат единствено за напредок.  

Совет (порака): Животот е еден и затоа искористете го максимално што можете за убави нешта што ве прават среќни.