СРБИЈА И ЦРНА ГОРА
Основана федерација на српски НВО (ФЕНС)
На конститутивната седница под наслов „Обединети граѓани“, што се одржа во Белград, од 14 до 16 февруари годинава, претставници на 229 НВО, кои со своите програми покриваат 102 општини во Србија, ја основаа Федерацијата на српски НВО (ФЕНС). По цела година активности насочени кон собирање на што е можно поголем број НВО, иницијативата успеа да ја комплетира првата фаза.
Основна цел на Федерацијата ќе биде да го зголеми притисокот врз креаторите на политиката во Србија. Прва иницијатива ќе биде доставување на барање до претседателката на Парламентот на Србија за отпочнување процедура за усвојување нов Закон за НВО. Федерацијата исто така треба да им помогне на малите организации преку лобирање и признавање на нивната улога во општеството.
Г.Ш.
|