Меѓународен семинар
Меценатство и спонзорство во културата
На крајот на септември, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Францускиот културен центар во Македонија организираа меѓународен семинар со наслов “Меценатство и спонзорството во областа на културата: законодавството и практиките во Франција и во Македонија”.
Искуствата на Франција ги претстави експерт од областа на спонзорството и меценатството во културата од Министерството за култура и комуникација на оваа држава, г. Франсоа Ерленбах. Македонската јавност слушна каква е законската практика (во Франција во 2003 година е донесен Закон за меценатство), но и за традицијата на општествената практика и култура на донирање. За македонските искуства зборуваа претставници на министерствата за култура и финансии, како и на бизнис-донаторите (Мобимак и Титунски комбинат) и организаторите на културни активности (Скопскиот џез-фестувал, Музичката младина на Македонија, Детскиот театарски центар) и други.
Целта на семинарот беше да го промовира ова прашање кај нас, да се подигне јавната свест на потенцијалните донатори, како и на надлежните институции за подобрување на општествената клима, на даночната политика и на законската регулатива.
М.И.
|