КАЛЕНДАР

3 октомври: Светски ден на детето

Денот посветен на детето, под покровителство на УНИЦЕФ, е ден кога возрасните треба да се потсетат дека на децата им должат безбедно  детство, образование, пристап до здравствените услуги, здрава животна средина, а најмногу од с$, љубов и внимание.
 

4 октомври : Ден на заштита на животните

Овој ден е посветен на заштита на животните, домашните миленици, и оние кои живеат во природата. Причините за нивната загрозеност потекнуваат од човекот – загадувањето, деградацијата на нивните живеалишта,  ловот... 
 

12 октомври: Редукција на природните катастрофи

Природните катастрофи - поплавите, сушите, ураганите, секој миг можат да уништат многу човечки животи и да предизвикаат огромна материјална штета. Превентивата од овие катастрофи вклучува и многу човечки активности, посебно за заштита од глобалните природни промени.
 

15 октомври: Светски ден на слепите лица

Слепите и слабовидните лица се наши сограѓани, со еднакви права. Да им го докажеме тоа на денот кој им е посветен ним.
 

16 октомври: Светски ден на храната

Недостигот на храна е еден од големите глобални проблеми. Овој датум е посветен на решавање на овој проблем, кој треба да се третира со меѓународна акција и рамноправно распределување на природните ресурси.
 

24 октомври: Светски ден за развој на информациите

Овој ден е посветен на развојот на сите информации, а во современиот свет акцент им е даден на електронските информации. Развојот на информатичката технологија овие информации ги прави лесно достапни, а планетата с$ повеќе наликува на глобално село.
 

24 октомври: Ден на Обединетите нации

Денот на Обединетите нации треба да н$ потсети дека сите сме едно семејство. Човештвото може да опстане само преку меѓународна соработка и меѓусебна помош.