Конференција во Новосибирск, Русија

Мрежни ресурси на Третиот сектор

Сибирската мрежа, јавната регионална организација Кузбас центар “Иницијатива” (Кузбасс Центре “Иниција­тиве”), интеррегионалната јавна фондација “Центар за под­дршка на граѓанските иницијативи” (ИПФ СЦИСЦ), спонзорирани од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), објавуваат повик за учество на меѓу­на­род­на­та конференција “Мрежни извори на Третиот сектор”, која ќе се одвива на 29 и на 30 ноември 2005 година во Но­восибирск, Русија.

Целта на конференцијата е дискутирање на темата за раз­војните механизми на мрежната активност, промовира­ње на професионализмот кај мрежните организации, зајакнување на нивната улога во општеството, проценка на мрежните ресурси во Русија и проширувањето на ме­ѓу­народната соработка, како и размена на искуства. Конференцијата ќе опфати извештаи, дискусии, презентации, магистерски предавања, тркалезни маси и сесии “брејк-аут”.

Покана за пријавување се упатува до шефовите и учес­ни­ците од мрежните организации, како и до експертите од третиот сектор. Селекцијата на конечните учесници ќе ја врши организацискиот комитет на конференцијата, а ќе се заврши најдоцна до 8 ноември 2005 година. Приоритет ќе имаат учесниците со одредено искуство во развој на мрежи, работа во професионални заедници на граѓански организации, јавна и општествена експертиза и евалуација. Работен јазик на конференцијата ќе биде рускиот, а ќе биде обезбеден и превод на англиски. Сместувањето и оброците за учесниците од Русија ќе бидат бесплатни. Патните трошоци ги покриваат самите учесници. Формуларот за аплицирање може да се симне од веб-страницата на организаторите: www.cip.nsk.su/e_arj/nrtsc.zip. Пополнетите формулари треба да се испратат по електронски пат пред 1 ноември 2005 на nastya@cip.nsk.su  или по факс на броевите:
+7(383) 346-54-77, 346-45-32.                                                               

Т.Х.А.