Истражување пред локалните избори

Жената Ромка во политиката

Ромките гласаат за подобра иднина на своето семејство во речиси 78% случаи. Гласањето за пари, вработување, брашно и сл. според одговорите на испитаничките, е надмината појава. Ова го покажаа резултатите од исражувањето што ромската орга­низација на жени “Даја” од Ку­маново го спроведе во 15 градови во Ма­кедонија. Во ис­тра­­жувањето беа оп­фатени 1500 же­­ни Ромки.

Целта на истра­жувањето беше да се открие колку же­ните Ромки се за­интересирани за по­литичкиот живот на РМ, и можноста за нивна партиципација во него.

Само околу 11% се из­јасниле дека уче­с­твувале во не­как­ви политички ак­тивности. Нај­голем дел од испита­нич­ки­те 73%,  сметаат дека добро ја познаваат постапката на гласање. Ромките низ цела РМ се редовни гласачи. Околу 85% гласаат редовно или повремено. Повеќе од половината гласаат самостојно. Меѓу­тоа, чести се појавите на семејно гласање. Оние кои не гласаат, како најголема причина ја наведуваат недовербата во политичарите. Само 1/3 од анкетираните знаат која институција е задолжена за донесување закони во РМ. Повеќе од 1/3 знаат кој е задолжен за извршување на законите во РМ. Дека и жената треба да биде дел од политиката, сметаат околу 79%. Најголем број од жените Ромки сметаат дека жените со своето учество ќе дадат позитивен придонес во политичкиот живот на РМ. Време е жените Ромки да се вклучат во поли­тич­ките текови на македонското оп­штество. Така сметаат 82%.

Жената Ромка која има политички афинитети може да смета на целосна подршка од припадничките на овој етникум. Околу 93% изјавиле дека би подржале жена Ромка во политика. Сепак, на жените Ромки им е потребна политичка едукација. Така сметаат повеќе од 1/2 од испитаничките.

Дури 1/3 од анкетираните покажале жел­ба за вклучување во политиката.

Прашалникот направи проверка и на обра­зовната структура на испи­та­ничките. Околу 44% од нив беа без образовние, а со основно образование околу 40%. Дури 86% од испи­таничките се невработени, а за оние кои се изјасниле како вработени не е прецизно дали се работи за регулиран работен однос или работа на “црно”.

Г.Ј.