ЛЕКАРСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Vox Medici

Лекарската комора на Македонија стартуваше со нов лик и назив на својот периодичен билтен. Наместо „здодевниот” назив – Билтен на Лекарската комора на Македонија, тој сега се вика „Vox Medici” (Глас на лекарите), а и натаму обработува стручни теми, но кои се интересни и за пошироката јавност.

Гласилото на Комората има за цел да пренесува информации за европските и светските искуства од областа на медицината и стоматологијата, како и случувањата од овие области кај на и друго. Но, покрај стручните теми, „Vox Medici” е отворен и како простор за презентација на духовните вредности и афинитетите во спортот или уметноста на лекарите.