Ирак
Агенциите предвидуваат добра година
Ирак се соочува со период на економски развој и политички напредок, говорат процените на Меѓународниот монетарен фонд и на ОН.
ММФ предвидува пораст од 7 % во 2008 година и сличен подем следната година и вели дека приходите од нафта од извозите во пораст ќе пораснат до 200.000 буриња на ден.
Дипломатскиот претставник на ОН во Ирак го поздрави дијалогот помеѓу заедниците на сунитите и шиитите и ја пофали работата на владата.
Но, аналитичарите предупредуваат во врска со брзиот напредок во следните шест до дванаесет месеци. Известувајќи од Багдад, репортерот на Би-Би-Си, Џони Дајмонд, вели дека изјавите на ММФ и на ОН се коинцидирачки рефрен на одобрение кое е круна на, според ирачките мрачни стандарди, неколкуте добри недели. Промената во политичкото расположение во огромна мера се должи на донесувањето закон, со кој се овозможува некои членови на партијата Баат на Садам Хусеин повторно да влезат во војската и бирократијата. Тие беа забранети за јавна служба со еден од првите акти на коалициската привремена администрација раководена од страна на САД. Законот, спротивен на тоа исклучување, во комбинација со остриот пад на насилство во поголемиот дел од Ирак, води кон поголем оптимизам.
|
|