Иницијатива на Македонската асоцијација за слободна сексуална ориентација

Хомосексуалците покренуваат измени во Уставот


Македонската асоцијација за слободна сексуална ориентација, попозната како “МАССО”, покренува иницијатива за ус­тавни измени во делот на дискриминацијата. Организацијата бара измени на членот 9 од Уставот со којшто се бара изед­начување на сите граѓани по сите основи, со тоа што бараат да се воведе забрана за дискриминација врз основа на сексуалната ориентација. Освен овие забелешки, “МАССО” во писмото до вицепремирката Радмила Шеќеринска, до политичките партии и до странските претставници во земјава, наведуваат дека со прифаќање на измените во Уставот и законите, организацијата смета дека Македонија ќе се при­ближи до стандардите на ЕУ.

Ма­кедонија с$ уште нема преземено конкретни чекори на полето на легислативата којашто се однесува на слободната сексуална ори­ентација на луѓето. Иако хомосексуалноста не се третира како кривично дело уште од 1996 година, генерално, оваа појава се третира како болест, а машките хомосексуалци и лезбијките се најостро осудувани од околината, изолирани и неретко тепани поради јавното декларирање на својата ориентација. Ваквите оцен­ки стојат и во првото истражување за хомосексуалците во Македонија коешто беше презентирано годинава.

 Македонските хомосексуалци не се сеуште храбри да го откријат својот идентитет, иако засега се знае дека нивниот број скокна на над стотина. Годинава за првпат јавно се приклучија во свет­ски­те трендови и организираа своја  недела позната како “Љубовта е љубов”, во рамките на којашто се одржуваат изложби и про­­ек­ции на филмови.

“Мислам дека подобри услови за откривање на македонската популација на ЛГБТ (лезбејки, гејови, бисексуалци и трансексуалци) ќе има откако и ние ќе создадеме правна основа за да се соз­­даде простор за нивни “цаминг аут” или откривање во јавноста. С$ дотогаш хомосексуалците ќе бидат жигосани и ќе имаат про­блеми со средината, со пријателите или со роднините кои не знаат за нивната сексуална ориентација”, смета Кочо Андоновски, претседател на МАССО.   

Ж.Ѓ.