Индија, Јужна Африка и Бразил
Во заедничка борба против светската сиромаштија
Лидерите на новите центри на моќ, Индија, Јужна Африка и Бразил, се обврзаа да работат заедно за да обезбедат подобри услови за нациите во развој со заеднички настап на светската сцена. Претседателот на Јужна Африка, Табо Мбеки, неговиот бразилски колега, Луис Инацио Лула да Силва и премиерот на Индија, Манмохан Сингх, побараа средба на челниците на која ќе се разговара за различни теми, како што се борбата против сиромаштијата, застанатите разговори за светската трговија и сл.
Тројцата лидери побараа да се отстранат „долготрајните неправилности и рестрикции” во меѓународната земјоделска трговија, кои вклучуваат субвенции и трговски бариери. Тие рекоа дека земјите во развој треба да дејствуваат сега, со цел да го обликуваат новиот меѓународен поредок. Лидерите се залагаат и за подобрување на економските, политичките и општествените врски помеѓу нивните земји.
Луис Инацио Лула да Силва предложил создавање договор за слободна трговија што би ги вклучил нациите од блокот Меркосур во Јужна Африка, јужноафриканските земји и Индија. Лула изјавил дека предложената трговска зона би вклучила 1,5 милијарди луѓе и би имала бруто-домашен производ од речиси 2 трилијарди долари, од кои огромната Индија би го добила најголемиот дел од двата аспекти.”
ШЕФЕ/Фактива
|
|