верска соработка

Албанската православна црква донира во реставрација на цркви и џамии во Косово

Анастасиј, архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, понуди 600,000 амрикански долари за реставрација на една црква и една џамија во Косово, или за изградба на младински центар кој ќе промовира мирен соживот. Овие пари потекнуваат од фондот за изградба на православна катедрала во Тирана. На објавувањето на понудата, архиепископот побара да престане слепата омраза, која треба да ја заменат мирниот соживот и помирувањето помеѓу сите заедници на Косово. Тој изјави: “Единствено со мирен соживот на верските заедници може да се постигне општествен развој”.         

Т.Х