коментар
Започна Декадата на интеграција на Ромите
2005 година започна доста интензивно кога е во прашање интеграцијата на најголемото малцинство во Европа – Ромите. Официјално, на 2 февруари во Софија, Бугарија, премиерите на Македонија, Бу­га­ри­ја, Унгарија, Хрватска, Србија и Црна Гора, еш­ка, Сло­вачка и Романија, по иницијатива на своите земји, а во организација на Светската банка и Ин­сти­ту­тот Отворено општество, се сретнаа на меѓународна конференција и ја потпишаа Декларацијата за иници­ја­тивата „Декада за интеграција на Ромите”.