УСТАНОВА ЗА ПРОМОЦИЈА НА КУЛТУРАТА - ОХО
Прирачници за глобалните еколошки проблемиВеќе три години во нашата држава, а две во Косово, Установата за промоција на културата ОХО го спроведува проектот под наслов „Немаме резервна планета”, кој се работи на три нивоа: едукација на наставници и професионалци кои работат со деца, подобрување на наставниот процес во основните училишта и детските градинки и кампања за растење на јавната свест за животната средина. Една од компонентите на овој проект е издавањето на прирачници, сликовници, боенки, календари, а во тек се подготовките за изработка на ТВ-спотови. |  |
|