Врачена наградата “Борјан Таневски”

Денко Малески ја подари наградата на училиштето “Браќа Рамиз”

Проф.д-р Денко Малески е првиот добитник на наградата “Бор­јан Танески” за 2004 година, која му беше доделена на 23 февру­а­ри во Скопје.  Наградата се доделува за повеќекратно искажан про­­ми­­нентен личен став во печатените медиуми во Ма­кедонија, а за изборот на Малески одлучи тричлената комисија во состав Ме­то Јовановски, Али Алиу и Ерол Ризаов. Текстовите на Денко Ма­ле­ски, според Комисијата, мани­фес­ти­раат граѓанска храброст растоварена од пред­расуди, инспирирана од тековите на современата европска мисла. “Лич­ни­от став на Малески, повеќекратно и во тек­от на 2004 година. објавуван во Ут­рин­­ски весник, укажува разоп­то­ва­ре­ност од илузии и храброст за соочу­ва­ње со реалноста. Неговиот личен став се одликува со загриженост за ства­р­нос­та што ја живееме, но не без кал­ку­ла­ции, интелектуални или мисловни. Тој став се одликува со целосна осло­бо­ден­ост од се­ка­кви предрасуди – на­цио­нал­ни, рас­ни и верски”, истакна на до­де­лувањето, меѓу другото, Мето Јо­ва­нов­ски. Забла­го­да­рувајќи се за награ­да­та, Малески ис­так­на: “Наградата ме изра­дува и ме за­мис­ли. Ме израдува заш­то моите политички текс­то­ви никогаш до­сега не добиле јавно признание. Ме замисли зашто откога паме­там за себе, државата е таа што доделувала приз­нанија. Очигледно времињата се мену­ваат”. Наградата, во висина од 75.000 денари, во името на среќ­но­то детство на Бор­јан, Малески  им ја подари на децата од учи­лиш­тето “Браќа Рамиз” во Шуто Оризари.

“Во Шуто Оризари многу деца немаат среќно детство, какво што го имаше Борјан кој растеше во љубов, во семејство на вредни и доблесни родители. Во семинарскиот труд на Борјан посветен на ме­ѓу­етничките односи во Македонија гледам некои цитати од мои текстови објавени во весници… Да се мисли со отворен ум и да се има разбирање за другиот, пристап кој провејува низ неговиот текст, ми е толку познато”, потенцира Ма­лески. Основач на награ­­да­та е тат­ко­то на Борјан, Јосиф Танев­ски и него­во­то семејство, во спо­мен на пре­ра­но по­чи­натиот син, са­кај­ќи да при­до­несат за поддршка на авто­­ри­те во Македонија кои пишуваат ко­лум­ни или заземаат хра­бар став за акту­ел­ни општествени или политички пра­ша­ња.

Бор­јан Таневски почина пред две го­ди­ни, на 23-годишна возраст, по теш­ко бо­ле­дување. Таневски дип­ло­ми­ра на Аме­риканскиот колеџ во Солун, а тре­ба­ло да продолжи на пос­т­ди­плом­ски сту­дии на Европскиот колеџ во Вар­шава и Бриж и на престижното Лон­­донско учи­ли­ште за економија (Лондон Сцхоол оф Ецономицс) во Ан­гли­ја. Како почит кон неговата личност, студентите и професорите на Аме­риканскиот колеџ во Солун во 2003 г. формираа Мемо­ри­ја­лен фонд “Борјан Таневски” за наградување студент на конкурс за есеј на актуелна тема, која се врачува на истоимениот колеџ.

Д. М