Хрватска
Законот овозможува адвокатите да заработат 100.000 куни на час?
Хрватска е држава на злоупотреба на монополот, бидејќи претприемачите и граѓаните плаќаат високи цени, а некои групи од интерес се збогатуваат неоправдано. Законот за адвокатура им овозможува на адвокатите самоволно да ги одредуваат цените на своите услуги. Тие тоа го злоупотребиле до таа мера, што надокнадата за излегување на судско рочиште чини 75.000 куни (1 евро = 7,3 куни) во спор од 10 милиони куни, односно 100.000 куни во спор од 22,5 милиони куни. Поаѓајќи од фактот дека рочиштата траат во просек по 30 минути, се стигнува до адвокатска заработувачка на час од 100.000 куни, што е сигурно светски рекорд. Хрватска е европски рекордер во траењето на судските постапки (а можеби и светски), па не е реткост странките на крајот на долгогодишните балади да мораат да ги плаќаат адвокатските трошоци (своите и на спротивната страна) во милионски суми, што многу често доведува до материјален и психички слом. Тоа е тешка повреда на човековите права, политика за која во Хрватска не постои разбирање. Пред извесно време е одржана тркалезна маса каде учествувале претставници на сите општествени слоеви, освен власта.
извор: zamirzine.net
|
|