ЕВРОПАРЛАМЕНТ
Нов закон за проценка на хемикалиите
Европарламентот, со цел да ја заштити јавноста од токсични супстанции, му даде поддршка на новиот закон околу којшто со години ги кршеа копјата хемиската индустрија во Европа и еколошките групи. Пратениците гласаа во корист на изменетиот нацрт-закон за регистрација, проценка и овластување на хемикалиите (РЕАЦХ), според кој фирмите ќе мора да докажат дека супстанциите во продуктите за секојдневна употреба како автомобилите, компјутерите или бојата не се опасни по здравјето. Својствата на речиси 30 илјади хемикалии коишто се произведуваат или увезуваат во Европската Унија треба да се регистрираат во централната агенција. Оние најопасните, како канцерогените состојки, ќе треба да се тестираат и ќе биде потребно овластување за нивна употреба. Прописите допрва ќе треба да се усогласат од страна на земјите членки, најверојатно уште следниот месец, и можеби ќе треба повторно да бидат изнесени пред парламентот пред да бидат усвоени како закон.
|