ИОО и Европската комисија

Стажирање во ЕК за млади ромски студенти

Институтот Отворено општество, заедно со Европската комисија, им нуди можност за стажирање на млади студенти Роми од сите нови земји-членки на ЕУ (освен Кипар и Малта), како и на студенти Роми од Хрватска, Македонија, Црна Гора и од Србија (вклучително и Косово).

Програмските цели се: стажантите Роми да добијат општа претстава за целите и предизвиците на евроинтеграцијата; да им се понуди практично знаење за работата на посебните оддели на ЕК; стекнување лично искуство преку контакти кои ќе ги реализираат во секојдневната работа и др. Дополнителни информации на http://www.soros.org/initiatives/roma/focus/internship/grants/internship  или  http://www.soros.org/initiatives/roma/news/romaintern_20070605.