БАЛКАНСКА ПРИКАЗНА
Сведоштво на очајот и на надежтаВуковар беше првата, почетна станица на нашиот караван, составен од жени - млади и средовечни, Македонки, Турчинки и Албанки од Македонија, Србинки, Албанки и Санџаклијки од Југославија, Бошњачки и Србинки од Босна и Херцеговина, Хрватки, Бошњачки и Србинки од Хрватска, Албанки од Албанија. И четири Французинки и тројца Французи, кои како постојано да се исчудуваа, со благ восхит, на блискоста и пријателство кои толку бргу се развија меѓу нас. Тргнавме со намера да се соочиме со реалноста и да се обидеме да ги поминеме границите - буквално и преносно - границите меѓу државите кои некогаш ја твореа СФР Југославија, менталните граници и оние создадени во срцата. |  |
|