ХДЗР “Месечина” од Кичево

Вклучување на 10 ромчиња во предучилишни установи

Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите „Месечина” од Кичево, во соработка со детската градинка „Олга Мицеска” и претставници од локалната самоуправа, започнаа со реализација на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните предучилишни установи”. Проектот е финансиран од страна на Министерството за труд и социјална политика и неговата цел е да придонесе кон еднакви можности за запишување на децата Ромчиња во училиште.

Со проектот се опфатени 10 деца на возраст од 4 до 6 години. Активностите ќе опфатат згрижување на децата во средина која ќе им овозможи играње, учење, заедничко живеење и дружење. Во рамките на проектот, ангажирана е и една негувателка Ромка.

Здружението „Месечина” во текот на спроведувањето на проектот ќе направи неколку средби со родителите за да ги слушне нивните реакции. „Досегашните рекции се добри “, вели Муамед Алоски, претседател на здружението. „Родителите засега имаат само пофалби и посебно се благодарни на локалната самоуправа за обезбедувањето бесплатен превоз до градинката која е оддалечена околу 2,5 км од нашата населба.

Г.Ј.