Погледи: Ѓунер НЕБИу
Самостојно, покоординирано и поцелисходно
Во екот на трансформацијата на оп­штеството во плуралистичка демо­кратија, на почетокот на 90-тите години, еден од предвесниците на новиот систем беше појавувавањето на голем број не­владини организации кои се занимаваат со женски прашања. Заедно со оние кои веќе беа формирани во една или друга форма во бившиот систем, големиот број нови женски невладини организции создадоа добра основа за конечно да се решат прашањата на општествениот статус на жените.