Одржливост на проекти

Институционалниот капацитет обезбедува фондови

Во Република Македонија, според некои проценки, се спроведуваат околу 1000 проекти годишно. Во изданието на МЦМС “Профил на проекти на граѓанските организации во Македонија” за 2003 година има опфатено 685 проекти на граѓанските организации.

Одржливоста на овие интервенции е диску­табилна. Во многу случаи по завр­шувањето на финансиската и техничката поддршка од донаторот (најчесто од странство) престануваат и активностите и придобивките од проектот. Тоа значи дека попусто се потрошени парите, времето, материјалните и техничките средства и попусто е потрошен трудот на  луѓето. Причини за ова има повеќе:

- не се води доволно сметка за развивање на локалните капацитети;
- некоординираност на развојните интервенции (проекти);
- не се земени предвид вистинските проблеми на корисниците или на другите страни вклучени во проектот;
- проектот не е сместен во рационални рам­ки на локалната или државната развојна стратегија;
- целите на проектот не биле јасно и реално дефинирани;
- применети се неподобни технолгии и не се искористени локалните обновливи ресурси;
- не се почитувани социо-културните вредности на заедницата и луѓето на кои им е наменет проектот.

За да се обезбеди одржливоста на проектите, уште во процесот на планирање треба да се испитаат сите можни начини за обезбедување основни услови за континуитет на активностите.

За да може да се рече дека еден проект   ќе биде одржлив, придобивките за цел­ната група треба да продолжуваат да се испорачуваат уште еден одреден пери­од откога ќе заврши надворешната помош/поддршка.

Она што е важно кога се има предвид ова објаснување/дефиниција на одр­жли­воста е способноста на организацијата да ги одржува услугите за целната група на соодветно ниво, дека активностите продолжиле да се спроведуваат по интервенцијата и организацијата е способна да мобилизира нови ресурси.

Проектот и неговата одр­жливост не е најважно да зависат само од локалните ресурси (самостојност наспроти самодоволност), туку треба да постои институционален капацитет да се обезбедат фондови од надворешни извори за да може да се спроведува.

Кога се планираат и спро­ве­дуваат про­е­к­ти, треба да се има­ат предвид следниве фак­тори:

- Поддршка од генералната по­литика на државата/регионот
Развојните проекти се спроведуваа во контекстот на нацио­нал­ната/регио­налната стратегија и политика на државата. Др­жав­ните институции и владините тела можат да бидат критички расположени во однос на развојните проекти, па, за да се обзебеди одрж­ливоста, основно е да се соработува со нив и да се планираат проекти кои ќе се вклопат во државните стратегии.

- Употреба на соодветна технологија
Опремата и технологијата која се ко­ристи во проектот (развојната ин­тервенција треба да биде во соглас­ност со локалните финансиски и ин­сти­ту­ционални капацитети. За­луд­но е да се употреби премногу софистици­рана техника во сиромашно по­драч­је, каде што нема доволно едуцирани луѓе.

- Внимание на заштитата на живот­ната средина
Непланираниот развој го забрзува исцрпувањето и уништувањето на при­род­ните ресурси, со што се оне­воз­можува нивното природно обно­вување. Сето ова повторно е на ште­та на одрж­ливоста на проектот.

- Почитување на социо-економските состојби/вклучување на родовиот баланс.
Вклопувањето на проектот во социо­културното милје на крајните корис­ници е особено важно за да се про­должи со активностите по завршу­ва­њето на проектот.

- Развивање на институционалниот и раководниот капацитет
Раководењето опфаќа капацитети за поставување цели, одредување стра­те­гии, мобилизирање на локалните ресур­си, обезбедување поддршка од локал­­ните и националните власти, раз­вивање на соработката со ком­пле­мен­тарните организации, јавната ад­ми­ни­страција, целната група и крај­ните кори­сници, обезбедување пар­тици­па­тивност. До­кол­ку кај персо­налот от­суствуваат по­требните зна­ења, веш­тини и ставови, или пак орга­низацијата не е добро пос­тавена во средината, треба да се пот­тикне и да се обезбеди нив­ното раз­вивање додека трае развојната интер­вен­ција.

Еко­номските и финансиските сос­тојби.

 

Лилјана Алчева
обучувач/соработник на проекти во МЦМС