Викторио Јаковлески

Би сакал да полетам, а неможам

 
Професионално искуство

Целиот работен и хонорарски стаж го имам поминато главно во медиумите или околу нив. На тоа потрошив 15 години.

Во почетокот со огромен ентузијазам, сега со ширум отворени очи. Сега сум ангажиран во Здружението на новинарите на Македонија.

Ангажирање во граѓанскиот сектор

И мојот ангажман во граѓанскиот сектор е поврзан со медиумите, или со пишувањето. Сум оформил или заживеал неколку списанија за граѓански здруженија.

Хоби и интереси

Да ја внесам природата онаму каде што сум. Ако не живеам во шума, а сакам, имам билки околу мене, ако не можам да слушам птици во урбаната скопска џунгла, имам птици во станот... Во спортски настани активно учествувам  само со далечинскиот управувач во раката, и тоа ако играат „нашите”!

Најтешка одлука

Секогаш тешко се одлучувам да променам нешто одеднаш, ако е нештото долго време практикувано, како, на пример, работното место. Немам проблем да го направам тоа, ама ми се „слошува” секогаш.

Амбиции

Да го променам светот да биде подобар и поубав. Ама не ми оди од рака, тешко било тоа.
 
Во слободното време чита:

Читам секогаш кога можам. Книги читам најмногу на натпреварот по читање книги кој го имаме со сопругата за време на годишниот одмор. Ама тогаш ептен се изначитуваме.

Каде оди во слободното време

Што е тоа слободно време? За него се грижат Јоаким и Григор, па како ќе кажат тие...

За време на викендите

Ако можам, сакам да седам во пижами, ако не, тоа што треба... евентуално одење на гости или примање гости.

Кој национален/локален проблем го смета за особено важен и зошто?

Склоноста кон деструкција и некооперативноста. Не знам кој го измислил она „да ... козата на комшијада”, ама ние некако сме си такви! Сите, и политичари и ние „обичните”.

Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто?

Глобалното затоплување ни дејствуваше далеку, ама сега се чудиме зошто преку зимите може да биде жешко, а налето и снег да падне и пак не сфаќаме зошто е тоа така...

Што би променил/а во Македонија и во светот?

Лошите навики кај луѓето, ама нели тоа е неизводливо? Затоа да пробам прво со себе...

Совет/порака

Секојдневно ги советувам гореспоменатите, ама пак не ме слушаат... Пораката ја закачив на огласна табла, па кој сака, може да ја прочита.

Никогаш не би можел

Да полетам, а би сакал...