ЦРС
Родителско-училишна соработка
Канцеларијата на ЦРС – Католичките служби за помош во Македонија, изготви лифлет во кој го претставува својот проект Родителско-училишна соработка. Овој проект го раководи одделот за образование на ЦРС, а неговата идеја е да придонесе во градење партнерства, капацитети и врски.
Целта на проектот е да зајакне македонското граѓанско општество преку поактивно вклучување на родителите во образовниот процес.
Во лифлетот е опишан начинот на работа и начините на кои може директно да се оствари соработката и поддршката меѓу родителите и училиштата.
|