Календар
2 февруари: Ден на водните станишта
Вториот ден во вториот месец во годината е ден кога треба да се потсетиме на важноста на водните станишта како екосистеми кои се клучни во синџирот на животот. Многу видови птици, риби, желки, трски и друг жив свет зависат од нивниот опстанок.
22 февруари: Извидници, здраво, здраво, здраво!
Овој ден е посветен на големото меѓународно братство на извидниците. Многумина од нас токму во извидничкото движење ги научија доблестите на пријателството, тимската работа, љубовта кон природата. Затоа, три пати здраво за извидниците
|