меѓународна конференција
“Да” за обновливите извори на енергија
Владите од повеќе држави од светот кои учествуваа на Меѓународната конференција за обновлива енергија што се одржа неодамна во Бон, Германија, се обврзаа за поголема употреба на обновливите извори на енергија, наместо класичните. На оваа конференција беа претставени практични примери како употребата на обновливите извори (водата, ветерот, сончевата енергија и други) можат да бидат импулс за развојот, многу повеќе од необновливите (како јагленот и нафтата).
Владите донесоа декларација за замена на класичните извори на енергија со алтернативни. Декларацијата повикува на донесување законски регулативи и политики за поддршка на оваа заложба. Директорот на Програмата за животна средина на ООН - УНЕП, Клаус Топфер, предложи формирање “Еколошки пакт за стабилност” како поддршка на користењето на обновливите извори на енергија.
М.И.
|