Косово

Заедничка декларација на косовското цивилно општество

Организации на цивилното општество кои се собраа за да ги осудат чиновите на насилство кои траеа три дена во текот на март на Косово, ги повикаа граѓаните да ги запрат сите протести и да престанат да го иска­жуваат нивниот револт со уништување. Од институциите побараа активно и ефикасно да работат на подигнување на нивото на безбедност за сите граѓани на Косово, првично на Србите во централно Косово и албанската популација која живее на северниот дел на реката Ибар, како и прекинување на взаемните обвинувања меѓу косовците и институциите на УНМИК. Орга­низациите во оформената заедничка декла­рација, меѓу другото, исјавија дека директната одговорност за безбедноста и животот на граѓаните има УНМИК, но и дека прет­ставниците на цивилното општество се спремни да дадат свој придонес. Формирана е ад хок координативна група, составена од 15 невладини организации, кои ќе ги пла­нираат и координираат итните акции на цивилниот сектор.                                                   

Г.Ш.