НВО и граѓанските иницијативи во ЈИЕ

Кон интернационално граѓанско општество?

Центарот за учење на глобалното владеење при Лондонската школа за економија и политички науки го издаде текстот на расправата број 38 од Димитри А. Сотиропулос под наслов: “Невладините организации и граѓанските иницијативи во југоисточна Европа: кон интернационално граѓанско општество?”. Во него се говори за постоење на појавата на интернационално граѓанско општество во југоисточна Европа и покрај тоа што граѓанското општество во регионот, како и насекаде во посткомунистичките земји, останува слабо. Преку анализа на проекти што поврзуваат групи или организации од најмалку две земји во регионот коишто учествувале на конференции и јавни дискусии, заеднички истражувачки проекти, обука за демократска изградба на земјата, волонтерска работа и локална прекугранична соработка, јасно се гледа дека навистина се воспоставени  силни интернационални врски меѓу проевропската елита и  младите луѓе со помош на финансирање од западните земји. Градењето интернационални врски во секторотот на НВО се одвива и покрај пречките предизвикани од политичката нестабилност, релативно лошата економска состојба и распространетоста на негативни стереотипи меѓу нациите од југоисточна Европа.

Документот е достапен во формат пдф на веб-страницата на Лондонската школа за економија.