ХРВАТСКА

Мама одби поддршка од УСАИД

За време на воената интервенција на САД врз Ирак, Институтот Мултимедија донесе одлука да го поништи договорот преку кој Владата на САД им доделиле грант во висина од 100.000 долари, наменети за развојот на секторот за граѓанско општество во Хрватска.

Кон крајот на 2002 г. Институтот Мулти­медија доби финансиска поддршка за две години во висина од 100.000 долари преку Програмата за развој на секторот за граѓанското оп­штество на Хрватска, имплементиран преку Академијата за развој на образованието (АЕД). Преку оваа програма финансиерот одбра 10 НВО кои ги сметаше подобни за обезбедување на одржливоста на хрватските НВО и граѓанското општество,  и оттука за развојот на демократијата.

Реагирајќи критички кон контекстот на економската глобализација, учес­ни­ци­те  вложуваат напори за создавање не­опходни услови за политичка и социјална глобализација. Бидејќи Институтот Мулти­медија се смета себеси како дел  од оваа глобална јавност, со овој потег не  ги презентира ставовите дефинирани во нацио­нален контекст, туку реагира во врска со војната во Ирак  на начин кој е детерминиран со новиот глобален поредок и е во спро­тивност со политичката глобализација.

Г.Ш.