Србија

Евроатлантските интеграции немаат алтернатива

Центарот за политика и евроатлантско партнерство од Нови Сад најостро ги осудува синхронизираните настапи на челниците на Демократската партија на Србија, кои со антиевроатланска реторика се обидуваат граѓаните на Србија да ги стават пред лажен избор: евроатлански или пансловенски интеграции. „Евроатлантските интеграции на Србија немаат алтерантива: глобалното партнерство е нужност, а илузијата на лажна сувереност и самозадоволување се веќе потрошени, с$ уште опасни политички пораки кои српските елити ги праќаат до евроатлантските партнери” - изјавуваат во Центарот.
Со вклучувањето во програмата Партнерство за мир, сметаат во ЦПЕП, а во иднина и во НАТО, Србија добива шанса да преземе и демонстрира одговорност за унапредување на стабилноста и безбедноста на регионот и јасно го дефинира сопствениот безбедносен идентитет.        

извор: Онењорлд

Г.Ш.