ОПШТИНА ЧУЧЕР-САНДЕВО
Пуштен во употреба нов регионален водовод
Општината Чучер-Сандево во септември доби нов регионален водовод, како резултат на воспоставената соработка меѓу локалната самоуправа и австриската влада.
Реализиран како проект под наслов “Регионален водовод Сандево”, истиот е овозможен со донација од владата на Австрија, во висина од 958.000 евра. Жителите од општината се надеваат дека воспоставената тесна соработка меѓу донаторот и локалната самоуправа ќе продолжи и во иднина, со што би се разрешиле и другите прашања од комуналната област.
Д.А.
|